(ГАЛЕРИЈА) Фотограф обединува странци кои изгледаат како близнаци

Постои верување дека секој од нас има некој што личи на нас. И тоа никогаш не било повеќе очигледно отколку во оваа фотосесија. Фотографот Франсоа Брунел си дал задача да направи портрети на луѓе од целиот свет кои изгледаат скоро идентични едни на други.

Канадскиот фотограф Франсоа Брунел е главен ум на овој проект, насловен како “I’m not a look-alike!“ Воодушевен од човечкото лице уште од 1968 година, тој започнал да прави портрети пред да ја започне оваа серија. Во текот на изминатите 16 години, тој направи скоро 250 фотографии од по двајца странци кои позираат заедно и се доста слични едни на други.

Тој на неговата веб-страница сега ги поканува сите да достават слики доколку познаваат две лица кои изгледаат слично. Погледнете повеќе од неговата работа на неговиот Инстаграм.

извор:fstoppers

ГАЛЕРИЈА: