(ГАЛЕРИЈА) Инспирирајте се од „street style“ ѕвездите директно од италијанските улици

Добивај вести на Viber

На неделата на мода во Милано и дојде крај и време е да се сетиме не само на најсјаните колекции, туки и на тренди стајлинзите од улиците на овој град.

Овој пат, италијанската престолнина на мода предизвика големо внимание-претставени се спектакуларни колекции на светските модни куќи- Dolce & Gabbana ја отворија ревијата со дронови, Versace ангажираше легендарни модели, а Gucci ја шокираше публиката со „главите на моделите“ кои послужија како главни модни додатоци.

Можеби ревијата на брендот Gucci ги дефинираше правилата на облекување на улиците во модната престолнина. Видовме многу цветни фустани, животински принтови, спортски панталони, бомбер јакни со апликации на тигар, Balenciaga легендарни чевли и уште многу нешта.

Меѓутоа, не сите му подлегнаа на трендот. Многу улични ѕвезди на улиците на Милано носеа удобно плетиво, стари фармерки, класични капути во нијанси на карамела, а розе и плави мантили од винил сјаеа на влажниот асфалт.