Моден фокус // Стил Профил
(ГАЛЕРИЈА) Ќерката на Моника Белучи ново лице во кампањата за Долче и Габана
Постарата ќерка на Моника Белучи од бракот со актерот Винсент Касел се подготвува да го покори модниот свет. Дева Касел (14) која досега имавме можност да ја видиме само на папарацо-фотографии, ќе се појави во новата реклама на познатиот италијански бренд Долче и Габана со кој веќе подолго време соработува и нејзината славна мајка.
Белучи и Касел досега максимално се обидуваа да ја заштитат приватноста на своите деца, а освен Дева ја имаат и 8-годишната ќерка Леона.