Моден фокус // Трендови
(ГАЛЕРИЈА) Кој е ресортот каде Ѓоковиќ правеше свадба, а сега престојуваат Бекамови?
Семејството Бекамови изминатава недела се во фокусот на медиумското внимание поради летувањето во Црна Гора.
По тој повод тие го избраа познатиот луксузен ресорт „Аман Свети Стефан“ во кој и претходно имаат престојувано познати личности, па воопшто не е изненадување дека Викторија и Дејвид го одбрале ова место за одмор со децата.
Новак Ѓоковиќ се венчаше со Јелена на магичниот Св. Стефан, а во минатото престојувале и Елизабет Тејлор и Софија Лорен.
Овој ресорт е отворен во 2009 година и има потпишано 30 годишен договор за изнајмување на оваа локација. „Аман Свети Стефан“ е составен од „колиби“ со приватни базени и услуга на ниво, ресторани и раскошен спа центар.
Во галеријата погледнете каков ресорт избраа Бекамови за семејниот одмор.