Моден фокус // Трендови
(Галерија) Која е девојката од спотот на Лозано?
Новата песна на Влатко Лозаноски насловена како „Јако јако“ за краток период наиде на многу позитивни коментари од публиката. Во видео-записот со летен стил, може да видиме една „убава девојка по која Лозано е луд“.
Станува збор за Мартинија Георгиевска од Куманово која работи како фотомодел, откако претходно работеше и како водителка во кумановската телевизија „Плус“ на емисијата „Апдејт“.
Мартинија е доста активна на Инстаграм, па еве неколку фотографии од нејзиниот профил: