(ГАЛЕРИЈА) Летните лудории на бугарскиот тенисер Димитров и Никол Шерцингер

По прекинувањето на долгата врска со возачот на Формула 1 Луис Хамилтон, на светски познатата пејачка Никол Шерцингер не и требаше долго време за да најде ново момче, а тоа е бугарскиот тенисер Григор Димитров. 

Иако парот води врска на далечина, сепак годишниот одмор е резервиран за заедничко уживање, а овој пат како дестинација тие го одбраа Сен Тропе. 

Никол иако има 40 години, во едноделниот костим за капење покажа дека изгледа подобро од голем број свои врскички, а очигледно и љубовта со помладиот 27 годишен тенисер и годи, па изгледа посреќно од било кога претходно. 

Романтичен одмор исполнет со летни лудории... Погледнете како се забавуваат Никол и Григор.