(ГАЛЕРИЈА) Најдобро облечените на Мет Гала: Ким Кардашијан во секси „водено издание“, Канје Вест модна утка
„Еден секогаш треба да биде малку поневеројатен“. И навистина се согласуваме со оваа мисла на Оскар Вајлд, бидејќи синоќешните „слетувања“ на црвениот килим на Мет Гала 2019 беа многу фенси
Најгламурозниот моден настан оваа година го обележа темата „Camp: Notes On Fashion“ чија цел беше да донесе ексцентричен естетски сензибилитет, инспириран и опишан во есејот на Сузан Сонтаг од 1964 година.
Најдобрите изгледи на црвениот килим беа
комбинација од лудило и индивидуалност, без разлика дали тоа значи
редефенирање на Дизни принцеза како што направи Зендаја или барок стил во улога
на лустер, каков што беше изгледот на Кети Пери.
Зендаја во Tommy Hilfiger
Со богатство од пердуви, перики со бонбони и секој кристал Сваровски што постои во Австрија, гостите го трансформираа местото на забавата во вистинска фантазија – секој од нив правејќи сѐ што може подобро за да ја украси оваа пригода.
Ким Кардашијан се појави во „водено издание“ со кое ги засени сите, додека нејзиниот сопруг Канје Вест, стоеше покрај неа во едноставна црна комбинација која наликуваше на обични тренерки за преку ден, а многумина искоментираа дека личи на обезбедување кое оди покрај згодната Кардашијан.
Ким Кардашијан во Thierry MuglerВо прилог ги издвоивме најдобро облечените ѕвезди и креаторите виновници за нивните изгледи.
Лејди Гага во Brandon Maxwell
Хари Стајлс во Gucii
Џаред Лето во Gucci
Карди Би во Thom Browne