Култура // Настани
(ГАЛЕРИЈА) Најубавата жена во светот е од Мексико
Ванеса Понсе де Леон (26) од Мексико е избрана за Мис на светот за 2018 година. Круната ѝ ја предаде минатогодишната победничка, Индијката Мануши Чилар.
На натпреварот кој традиционално се одржува на островот Санија во Кина, за прва придружничка е изнрана претставничката на Тајланд, а за втора придружничка убавицата од Уганда.
Македонија, трета година по ред немаше претставничка на најстариот светски избор за убавина. Сопственичка на лиценцата за Мис на Македонија за Мис на светот е Лидија Велковска.