Галерија од бремената Емили Ратајковски: Трудничкото стомаче секогаш во прв план

Добивај вести на Viber

По две години брак, Емили и нејзиниот сопруг ќе имаат дете.

Манекенката Емили Ратајковски (29) и нејзиниот сопруг, продуцентот Себастијан Бер Меклард (39), го чекаат своето прво дете.

Емрата ја сподели среќната вест за магазинот Вог, а сними и видео во кое ги забележува промените за време на бременоста, а на некои од фотографиите позира целосно гола, покривајќи ги интимните делови со раката и истакнувајќи го стомачето.

За Вог, манекенката истакна дека таа и сопругот не сакаат да го знаат полот на бебето, се додека не наполни 18 години и тоа само ќе ги извести за тоа.
- Ми се допаѓа идејата да му наметнам што е можно помалку родови стереотипи на моето дете.

Да потсетиме, Емили и Себастијан се во брак две години и наскоро за прв пат ќе се реализираат во улога на родители.
Погледнете фотографии од бремената Емили, од прошетка со транспарентен фустан по улиците, до нежни топлес изданија, Емрата е прекрасна трудница.
Галерија: