Повеќе се радувам на името „Тета” отколку на Елена: Елена Ристеска за внуката Делфина
Пејачката Елена Ристеска е горда тетка на 4-годишната Делфина, која ѝ е внука од сестрата Драгица Ристеска- Димитровска.
-Викаат кога ќе станеш мајка се менува животот но кога ќе станеш ТЕТКА дефинитивно се менуваш како човек. Од тој момент повеќе се радувам на името “Тета” отколку на името Елена- напиша Елена на роденденот на својата внука.
- Делфина буди чувство на љубов во мене. Ме потсетува дека децата се најубавото нешто што можело да му се случи на човештвото и најубавата фаза во животот на еден човек. А мајчинските и теткинските чувства се едно исто- додаде Елена.
Елена постојано споделува моменти од дружбите со својата најсакана внука. Таа во една прилика објави фотографија со мајка си и сетсра си и објави дека тие се светот на Делфина.