(ГАЛЕРИЈА) Пролетни комбинации со жолти детали
Прва асоцијација на жолтата боја е сонцето и оваа топла боја има моќ веднаш да го подобри нашето расположение.
Па, кога наутро се разбудите изморени и без енергија, најдобар начин да ја стимулирате активноста на телото и умот е да почнете од облеката. Денес ви предлагаме да облечете нешто жолто.
Жолта кошула за работа, жолт лесен фустан за кафе, тенок жолт каиш како додаток на монохроматска комбинација или жолти чевли кои вашите чекори ќе ги направат полесни. Оваа пролет жолтата ќе се носи секаде. Изберете ја вашата омилена нијанса на жолта и хрбро зачекорете во пролетните денови.
Жолтата боја е одлична за комбинации, меѓутоа доколку не преферирате жолта од глава до пети комбинирајте ја со црна, бела или други пастелни нијанси. Исто така може да изберете модни додатоци во оваа енергетска боја.
А еве ги нашите предлози како денес да ја комбинирате бојата на сонцето на себе.