(Галерија) Романтична фотосесија на Водно: Водителката Цеце Трајковска и сопругот

Македонската ТВ водителка Цеце Трајковска, во септември заплови во брачните води, со својот партнер Стојанче Тодосовски.  Заедно со нејзините колеги водители на утринската програма на ТВ Телма, како и семејството и останатите пријатели, Цеце имаше необична и модерна свадбена веселба.

На Фејсбук профилот на Angelovski photography , вчера беа објавени фотографиите од фотосесијата на младиот брачен пар. Двајцата во урбано и модерно издание, имаат супер романтични фотки од преубавото Водно.


Фото: Ангеловски фотографи

Д.К.