(ГАЛЕРИЈА) Се споивме во градот за љубов: Емотивен концерт на Дани
„Најдобра до сега“, во нејзиниот „Град за љубов“, Дани Димитровска го одржа својот прв концерт во Македонската Филхармонија.
Рок-симфомонијата која Дани, нејзиниот бенд, оркестарот на Филхармонија со диригентката Бисера Чадловска со љубов ја изведоа, ја препозна публиката и ги награди со овации, желба за заслужен бис и силни аплаузи.
По дваесет години на сцената и оригиналниот музички и визуелен имиџ по кој стана препознатлива, Дани не требаше да чека две децении за концерт. Но, некои работи очигледно треба да созреат, па така и песните „Срца две“, „Што до тогаш“, „После тебе“, „Не живеам за другите“, „Црвени дождови“. Слушајќи ги со богат, оркестарски аранжман, уште еднаш се потврди дека Дани има вистински хитови, а во секоја песна може да се „прочита“ нечија лична приказна.
Полна со енергија и видно возбудена и среќна, таа блесна на сцената облечена во оригинална креација која позитивно ја коментираше женскиот дел од публиката. Биба Додева, Каролина Гочева, Елена Петреска, Ѓоко Танески, Александар Масевски, Борче Нечовски и уште многу колеги и пријатели беа во публиката да и дадат поддршка на Дани.
Пливачкиот ас Томи СтефановскиБиба Додева во друштво на пријателка
„Вечерва се споивме сите во овој град за љубов. Сега сме сите едно. Ви благодарам што дојдовте“, рече рокерката. Единствена маана е што концерт не траеше подолго. Како и сите убави нешта, како да заврши за миг. Го организираше продукцијата ДНА.
Милица Џаровска