(ГАЛЕРИЈА) Скопје, ве набљудувам: Богат концерт на Стинг во Скопје
„Скопје, ве набљудувам“, ѝ порача Стинг на македонската публика додека го пееше најголемиот негов хит „Every Breath You Take„ од времето на групата „The Police“, на концертот на Градскиот стадион сношти.
Каролина Гочева со пријателките
Градот одамна не бил толку весел, луѓето толку неоптеретени и среќни. Стинг дојде во вистинско време, кога сите во еден глас славевме за шампионската титула на РК.Вардар. Пред почетокот на концертот, успехот ни го честиташе преку организаторите, „Авалон“ продукција, а радоста која ни ја донесоа спортските херои продолжи преку музиката на легендарниот музичар.
Стадинот за жал не беше полн, а дождот како по договор- престана пред концертот а почна повторно да врне откако заврши.
Со суптилна изведба, со глас кој со години ја држи истата јачина и квалитет, Стинг не потсети зошто долго време не се симнува од светскиот музички врв. Ако минатиот концерт во Скопје беше пожив и со повеќе хитови на „Полис“, овој беше побавен, поромантичен, „постинговски“. Вечер за уживање и за аплаузи за некој кој е институција поради оригиналноста, едноставноста и поради времето на кое одлично му пркоси. (М.Џ.)
Фото: В.Тануровски