(ГАЛЕРИЈА) Впечатливи модни креации на „Story“ наградите

Добивај вести на Viber

„Story awards“ манифестацијата за прв пат се одржа и во Македонија.

Вечерта која дефинитнвно беше обележана со гламурозни фустани на едно место ја собра македонската јавна сцена.

Забележливи беа макси тоалети, коктел фустани и комбинезони во впечатливи комбинации.

Наградата модна икона отиде во раце на шармантниот шоумен Бојан Јовановски, додека Сашко Коцев беше прогласен за актер на годината.

Ина Многуфина се закити со награда за највлијателна личност на социјалните мрежи. Таа не беше присутна на настанот, но се заблагодари на Фејсбук профилот за наградата. Тијана Дапчевиќ е наградена за Уметничка трансформација.

Коста Петров е најчитан македонски автор додека Раул Гонзалец доби награда за спортска личност на годината.

Манифестацијата се одржа во хотелот „Александар Палас“.