(Галерија) За одличниот стил на Наташа Беквалац е задолжена сестра ѝ Кристина
Наташа Беквалац е српска пејачка за чиј живот постојано се пишува во медиумите. Деновиве во медиумите е актуелна веста дека нејзината помала сестра Кристина Беквалац се омажила два пати за нејзиниот сопруг со кој има две деца. Во текот на изминатите години пејачката секогаш беше во центарот на вниманието со нејзините три пропаднати бракови, борбата за двете ќерки, семејното насилство и животната трагедија која ја следи.
Но иако нема среќа во љубовта, новосадската барбика, како што многумина ја нарекуваат, секогаш и секаде изгледа одлично.
Таа знае што е тренд во светот и знае како да експериментира со стилови.
Кога станува збор за нејзината коса, плавата боја е нејзин заштитен знак. Додека пак за шминката се секогаш задолжени професионалци.
За нејзиниот одличен стил е задолжена токму нејзината сестра Кристина Беквалац, која е моден стилист и дизајнер по професија. Наташа во една прилика изјави дека има потполна доверба во својата сестра, кога станува збор за облеката што треба да ја носи.
Имено српската ѕвезда има модни комбинации за чиста десетка, а кои може да ви послужат како инспирација за овие ладни есенски денови.