(ГАЛЕРИЈА) Здрави оброци, инспирирани од Дизни ликови: Татко стана хит со креативноста

Сите сме ја слушнавме изреката дека „здравјето влегува преку уста“, а родителите се борат на различни начини, нивните деца да се хранат поздраво. Еден татко направи вистинска уметност од ова, и тој стана инспирација и пример за другите. И не само тоа, тој беше забележан од многу познати личности, а доби соработка и со Дизни.

Мохмед Лалех има 35 години и од нешто што започнао како хоби, создал работа со полно работно време.

Сè започнало кога тој печел палачинки во форма на „Кралот Лав“ за неговиот син и ја објавил фотографијата на својот профил на Фејсбук. После тоа, тој започнал да му сервира и прави храна, инспирирана од ликовите од цртаните филмови, книгите и стриповите, и за кратко време, стана ѕвезда на Интернет.


Го споделуваа портали и списанија како „Тајм магазин“, „Хафингтон пост“, „Денес шоу САД“, „Денешно шоу Австралија“, „Изгрејсонце“, „Еј-Би-Си“, „Дизни канал Австралија“, но исто така беше поддржан и од познатите личности Марта Стјуарт, Ештон Качер, како и Елен Деџенерис.


Денес на Инстаграм го следат 259 илјади следбеници, а тој секој ден споделува совети за здрава исхрана, како и упатства за тоа како самите да направите вакви креации.


Тој соработува со Дизни, Никелодеон и многу други големи телевизиски компании, а во претходните години соработувал и со славниот готвач Џејми Оливер.


За него е важно сè што користи да биде свежо и здраво, без рафиниран шеќер или конзерванси. Креациите се обоени со зеленчук и природен прав како активен јаглен.


Овој скромен татко признава дека не сонувал, дури ни за милион години, дека ќе доживее таква популарност, ниту дека она што толку многу го ужива ќе го претвори во професија.


Фото: Инстаграм

Повеќе фотографии во галеријата: