(ГАЛЕРИЈА) Знак на препознатливост: Што ја прави уникатна Тијана Дапчевиќ?
Таа е една од ретките македонски уметници препознатлива по својот талент, но и оригинален изглед.
Тијана Дапчевиќ покрај вокалните способности, имавме можност да ја гледаме и во улогата на Ула во серијата „Преспав“, а од неодамна започна и сопствена емисија на која гостуваат ѕвезди од Македонија и регионот.
Но, овој пат во фокусот не се нејзините успеси на професионален план, туку уникатниот стил, кој таа го негува со години и со кој остава посебен печат.
Тоа што последните неколку години е тренд кај светските ѕвезди е заштитен знак за македонската дива. Станува збор за очилата и тоа како обичните, така и оние за сонце, во различна форма и големина, кои во комбинација со кратката руса коса, станаа детали по кои Дапчевиќ се разликува од останатите. Овој моден додаток во комбинација со прекрасната насмевка и минималната шминка, придонесува таа да изгледа впечатливо во секој поглед.
Кога веќе го споменавме стилот, тоа што исто така треба да се нагласи е дека Дапчевиќ е вистински камелеон во однос на модните парчиња. Апсолутно ефективно изгледа во кежуал изданија, но и заводливо во елегантни тоалети, кои совршено ја истакнуваат нејзината телесна форма.