(ФОТО) Гавазова со модна грешка на годината: Пердуви, сатен, злато - сѐ на едно место

Фолк пејачката Сузана Гавазова често сме навикнати да ја гледаме во интересни модни изданија, претежно облека за сценски настапи во кои може да си дозволи екстраваганција па некогаш и голотија. 

Оваа година ја видовме во различни стилови, претежно во знакот на кусите здолништа и облека со која ја потенцира линијата, која рака на срце е совршена. 

Но, токму пред крајот на оваа година си дозволи моден гаф. Од приложениот аутфит ќе видите дека сето тоа не е во согласност со ниту едно модно правило кое насочува кон добар стилски израз. 

Се работи за тесен фустан во зелена боја, набиран во страничниот дел, длабоко деколте, сатен, црни ракавици со пердуви, бисери, златни високи потпетици, големи обетки, фризура недефинирана... Дали Сузе се спремила за карневал? 

Не се работи за намерна, туку конструктивна критка. Сепак во прашање е личност која е ѕвезда, но тоа не значи дека ѕвездите можат да облечат сѐ!


Р.Ж.М.

Фото: Инстаграм/suzanagavazova

Можеби ќе ве интересира:

(ФОТО) Би ѝ завиделе и двојно помлади: Фолкерката Гавазова заведува во костим за капење