„Геријатриската старлета“ наполни 100 години и ја откри најголемата вистина: Не сте среќни и нема да бидете затоа што го правите ова

Ајрис Апфел на 29 август годинава наполни 100 години. Дизајнерката на ентериер сака да се нарекува себеси „геријатриска старлета“, и имаше краткото интервју за „GMA“ по повод нејзиниот шарен профил на Инстаграм, екстравагантните изданија и еден век живот. Таа имаше фантастични одговори на прашањата за животот и како го гледаме светот околу нас.

- Не размислувам многу за годините, тоа едноставно се случува. Среќна сум што можам да снимам се‘“, изјави Ајрис.

Сопственичката на профилот на Инстаграм, кој го следат над два милиони луѓе, вели дека хуморот е најважен во животот. 


- Чувството за хумор е од суштинско значење. Не мислам на „хаха“ смислата за хумор, туку на способноста да ги забележиме тие ситници и да сфатиме колку се бесмислени и колку не обрнуваме внимание на важните работи. Како што можете да видите, не сум минималист, сакам различни работи. Уживам да ги комбинирам, вели Ајрис.

Познатата модна забелешка „помалку е повеќе“ не важи во случајот со Ајрис Апфел.

- Повеќе е повеќе, помалку е досада. Никогаш не сум била за теоријата дека помалку е повеќе. За мене тоа нема никаква смисла. Тоа е како да кажете помалку пари ве прави побогат, вели Ајрис.


Нејзиното животно мото е - да се биде индивидуа и да не се следи толпата.

- За почеток, треба да откриете кој сте, а потоа да се облечете соодветно. Мора да научите да се облекувате за себе, а не за другите или трендовите. Кога ќе се погледнете во огледало, треба да се гледате себеси, а не некој друг. Кога луѓето би биле тоа што се и ако потрошат малку време работејќи за да излезат од наметнатата рамка и да престанат да бидат онакви какви што другите сакаат да бидат, би биле посреќни. „Господ на сите нас ни даде личност и луѓето тоа треба да го искористат, а не да кријат што се“, заклучила Ајрис Апфел на крајот од разговорот.



Фото: Инстаграм/Ајрис Апфел 

Видео: Youtube