Ги елиминира сите патогени: Овој минерал го зајакнува ефектот на вакцината и го чува имунитетот
Заштитата што вакцината ќе ја обезбеди на секој поединец е точно пропорционална со силата на имунитетот. Секој организам произведува антитела по вакцинацијата
За да се обезбеди најголем можен ефект од вакцината, најважно е да се зајакне имунолошкиот систем. Покрај балансираната исхрана, богата со овошје и зеленчук, физичка активност, квалитетен сон и позитивно расположение, многу е важно да ги добиете потребните количини на витамини, минерали и други елементи од клучно значење за имунитетот.
Внесот на минералите е најдобар преку храна и пијалоци. Таквиот внес е многу покорисен отколку кога се користат додатоци. Во исто време, за да се зачува силата на имунолошкиот систем за борба против ковид, би било многу добро да се ослободите од сите други инфекции. Бројни студии докажуваат дека микро елементот јод е практично незаменлив како ефикасен антибактериски и антивирусен агенс.
Истражувањето на д -р Дејвид Дери, објавено во американски професионални списанија, ја нагласува доминантната улога на јодот во зајакнувањето на имунолошкиот систем, особено во борбата против вирусни инфекции и ковид.
Покрај познатиот факт дека јодот ги елиминира сите патогени, вклучително и деактивирање на вирусот во телото и на кожата, што најдобро придонесува за зајакнување на организмот, неговата најважна улога е таканаречената апоптоза - програмирано уништување на заразени клетки. Тоа е причината зошто токму сега е вистинското време за зајакнување и зачувување на имунолошкиот систем со внесување доволни дневни количини на јод.
Препорачаните дози се до 2,4 милиграми дневно. Јодот е најзастапен во морска храна, особено алги.
Фото: unsplash