„Ги мразиш луѓето на кои припаѓаат и твоите синови“: Пике ги навреди Латиноамериканците зборувајќи за разделбата со Шакира, се огласи и пејачката
Фудбалерот Жерар Пике и пејачката Шакира се разделија минатата година по 12 години
врска.
Сега, во подкаст, тој за сето тоа за прв пат зборуваше детално, а се осврна и на песната „Music Sessions Vol.53“ која Шакира неодамна ја објави, во која ги повикува него, неговата мајка и неговата нова избраничка Клара Чиу Марта која се споменува како главна причина за раскинувањето на овој пар.
„На почетокот беше лошо и дојде до точка кога сакав да се фрлам од карпа“, рече Пике на подкастот.
Тој истакна и дека „некако успеал да го зачува своето ментално здравје“, но и дека верува дека единствените работи за кои вреди да се грижите се семејството, здравјето и врските.
A un ao de su separacin con Shakira, Gerard Piqu se victimiza en nueva entrevista.
— Bruno | fan account (@JLOAccess) April 1, 2023
El ex-futbolista desempleado mencion que nadie sabe todo lo que ha sufrido por la ola de comentarios en su contra por parte de los latinos.
Un completo hipcrita y narcisista. pic.twitter.com/q1N00A6eIi
„Денес е многу модерно да се напаѓа човек, но не размислуваме за последиците што може да ги има на ментално ниво за личноста кон која е насочено. Излегува одлично за една личност, но не размислуваме за другата потоа“, рече Пике и додаде:
„Што треба да се случи? Можеби некој ќе се самоубие, а ние ќе кажеме: „Ох, отидовме предалеку?“ Многу сум разочаран од општеството“.
Со ова тој ги критикуваше сите обожаватели на Шакира, но и луѓето кои застанаа на нејзината страна.
Потоа се осврна на нејзината песна во која таа го провоцира.
„Не знаете што добив од нејзините обожаватели. Не ми е гајле бидејќи тоа се луѓе кои воопшто не ги познавам. Не знам, можеби немаат живот. Каква важност треба да им дадете? Нивната важност е нула. Никогаш во животот нема да ги сретнете, тие се како роботи“, заклучил фудбалерот.
Меѓутоа, тоа само предизвикало уште поголем гнев кај луѓето кои му рекле дека и тој „мора да размисли какви последици ќе има неговото неверство и предавството на човекот со кој поминал 12 години врз менталното и физичкото здравје на мајката на неговите деца.
Сепак, ова не е единственото нешто што го кажа фудбалерот, што наиде на негодување во јавноста. Имено, тој во еден момент имплицираше дека Латиноамериканците се „варвари“ затоа што го критикувале.
„Зошто мораше да спомнеш дека твојата поранешна е Латиноамериканка?“, „Дали мислиш дека Латиноамериканците навредуваат и малтретираат повеќе од другите, бидејќи Шакира има обожаватели од целиот свет?“, „Ти си ксенофоб“, „Ги мразиш луѓето на кои им припаѓаат и твоите синови“, се само дел од коментарите.
Набрзо и Шакира се огласи на Твитер, пишувајќи дека е горда што е Латиноамериканка и ги постави знамињата на земјите од Латинска Америка.
A un ao de su separacin con Shakira, Gerard Piqu se victimiza en nueva entrevista.
— Bruno | fan account (@JLOAccess) April 1, 2023
El ex-futbolista desempleado mencion que nadie sabe todo lo que ha sufrido por la ola de comentarios en su contra por parte de los latinos.
Un completo hipócrita y narcisista. pic.twitter.com/q1N00A6eIi
Фото: Твитер/ Youtube - screenshoot