Ги продава градниците кои некогаш ги носела: Како денес изгледа Саманта Фокс

Саманта Фокс (53) во осумдесетите беше една од најпосакуваните пејачки во светот поради својата појава, а уште кога ја започна кариерата, на 16 години, јасно беше дека ќе стане ѕвезда.

Почна да работи како модел, а во 1986 година влезе во светот на поп-музиката. Во 2006 година, беше прогласена за најдобра девојка од насловната страница на сите времиња. За „Плејбој“, таа се сликаше во 1996 година, а не крие дека и денес би го направила истото.

Денеска Саманта ги продава своите работи од времето кога беше славна: градниците, корсетите, трикоата и дизајнерските фустани кои некогаш ги носела. Парчињата се продаваат со нејзиниот потпис и со фотографија која ја потврдува автентичноста на производот. 

Градниците можат да се најдат и по цена 100 евра, додека парчињата како на пример костимот за капење кој го носеше за време на снимањето на шоуто „I'm a Celebrity“ , веќе е продаден за 300 евра. 


Во приватниот живот, Саманта беше во врски и со мажи и со жени, а пред 15 години објави дека ја сака својата менаџерка Марја Стратон, со која беше до нејзината смрт.