Гинеколог направил преку 500 деца: Сега пред судот ќе одговара за една работа!

На гинекологот од Хаг, кој е татко на повеќе од 500 деца ширум светот, му било судено, пишува весникот „Де фолкскрант“ во сабота, 25 март.

41-годишниот донатор на сперма беше тужен од „Donorkind“, организација за деца донатори и мајка на неговите две деца.

„Donorkind“ бара од судот да му забрани на мажот дополнително да донира сперма и да нареди да се уништат сите донации.

„Психолошки може да биде исклучително тешко за децата што нивниот татко направил толку многу потомци“, соопштил Тајс ван дер Меер од фондацијата во тужбата. 

Од фондацијата, исто така, укажуваат на ризикот браќата и сестрите да влезат во врски без воопшто да го знаат тоа, што е „генетски опасно“.

„Де фолкскрант“ потсетува дека во Холандија има упатства за клиниките, во кои се нагласува дека донаторот може да има најмногу 25 деца. Во меѓувреме, 41-годишникот само во 2017 година „направил“ 102 деца во холандските клиники, велат информациите од здружението на гинеколози НВОГ.

Фондацијата „Donorkind“ проценува дека ги има над 500 ширум светот.


ФОТО: Фрипик