Гламурозна, елегантна и тотално шик: Шпанската кралица Летиција-Само таа го може тоа !

Добивај вести на Viber

Шпанската кралица Летиција изгледаше како олицетворение на елеганција додека се шеташе во шик сив фустан и долг црн капут на пат да присуствува на состанок во Мадрид.

Шпанската кралска (50) беше визија за софистицираност во темна облека додека присуствуваше на состанокот на бордот на директори на младинската фондација FAD - Фондацијата за помош во борбата против зависноста од дрога.



Како почесен претседател на организацијата, кралицата пристигна облечена во елегантен плетен сив фустан кој го спои со широк црн појас и голема тока за да ја нагласи линијата.



Мајката на две деца се одлучи за лелеаво црн капут што го префрли преку рамениците за да се заштити од зимскиот студ.



Стајлингот го заврши со гламурозен пар црни велур чизми со тенка потпетица што ја разгорува фантазијата на секој маж. Таа, исто така, се одлучи за пар дијамантски обетки во облик на Х и голем златен прстен за да додаде малку сјај на облеката.



Гламурозна, елегантна и тотално шик – само таа го може тоа!


ФОТО: Инстаграм