Гламурозна роденденска забава: Наташа Беквалац наполни 40 години

Добивај вести на Viber

Белата боја доминираше насекаде, што беше и дрес код за нејзината роденденска забава.


Вчера, 25 септември, познатата српска пејачка Наташа Беквалац наполни 40 години, а во нејзина чест беше подготвена гламурозна роденденска забава. Како што претходно беше најавено, сè на забавата беше во бела боја.


За порталот Информер близок пријател на Беквалац откри дека на забавата имало 40 гости, колку годините на Наташа, присутни биле и нејзините ќерки Катја и Хана.


Славеничката се погрижила за секој детаљ, масите на кои седеле гостите украсени со убави бели детали, пердуви, многу свеќи а особено се истакнуваа крилјата направени од букет, но и тортата беше гламурозна и посебна како и славеничката.



На првиот дел од вечерта, гостите уживале во музиката на колешката на Наташа, Анџелина а потоа диџеј ги пуштал омилените песни на пејачката.
На забавата била присутна и нејзината сестра, Кристина Беквалац, која исто така носела комбинација од бела облека.


Можеби ќе ве интересира:

Наташа Беквалац со порака: Во ред е да скриете мозолче, но не и да го менувате личниот опис