Гледа во празно, се надевам дека е добро: Фановите на серијата „Пријатели“ загрижени за Чендлер! (ВИДЕО)

Пак е во неволја?

Фановите беа загрижени за актерот Метју Пери по интервјуто за списанието „Пипл“. Зборуваше нејасно и често гледаше во празно.

Под видео интервјуто, објавено на Јутјуб, стоеја коментари за Пери, кој го играше Чендлер во „Пријатели“.

„Се надевам дека Метју е добро, затоа што не изгледа најдобро. Многу тажно“, „Само луѓето да беа љубезни кон човекот кој се бореше со зависноста повеќе од 20 години", „Ме повреди физички што Метју изгледа вака“, „ Срцето ми се скрши кога го видов, се надевам дека ќе биде подобро “, се само дел од коментарите на Јутјуб.


Да потсетиме, актерот имаше проблеми со алкохол и дрога. Тој еднаш за „Би-би-си радио 2“ изјави дека делумно не се сеќава на снимањата на „Пријатели“.

„Не се сеќавам на три години. Таму некаде помеѓу третата и шестата сезона. Бев малку надвор од тоа“, рече тој.


Фото: Youtube/screenshoot

Можеби ќе ве интересира:

Емоции: Погледнете го првиот трејлер за одличното враќање на култната серија „Пријатели“