Го дознавме името на новородениот син, а која е партнерката на Лозано?

Добивај вести на Viber

Пејачот Влатко Лозаноски Лозано стана татко. Веста во медиумите се прошири брзо, и истата веќе е потврдена од неговиот продукциски тим.

Момчето, ќе го носи името Марко.

Сепак, она што јавноста ја голицка е што не се знае името на партнерката и избраничка на пејачот и зошто толку ја крие. Некои велат, што ја крие како змија нозете - нема да му ја земеме.

Сепак, зошто и од која причина не ја открива саканата Лозано си знае само тој. 

Лозаноски беше и Евровизиски претставник на Македонија во 2013. 

Зад себе ја има и врска со Савка која траше девет години и која заврши со раскинување на свршувачката. И тогаш Влатко беше многу затворен тип, не сакаше никогаш да открива приватни детали. 

Иако навидум изгледаа како доста стабилен пар, сигурно имале добра причина за прекин на свршувачката, бидејќи се познаваа со години, живееја заедно, зрачеа со љубов’’ – откриваа тогаш за медиумите извори блиски до пејачот.

Фото: Инстаграм

Р.Ж.М.