Го иницирала крајот на бракот поради неверство: Се разведува една од најубавите манекенки на светот?
Како што се пишува, таа поради неверството на својот сопруг, одлучила да стави крај на нивната романса...
Една од најуспешните и најубави манекенки на светот, Емили Ратајковски, како што пренесуваат странските медиуми, наводно се разведува од сопругот Себастијан Бер-Макларда, пишува „Page Six“.
Како што пишува споменатиот портал, манекенката е таа која го иницирала разводот на бракот, бидејќи како што се наведува, Себастијан ја изневерил.
„Да, ја изневери. Тој е прељубник. Одвратно“ - кажал изворот.
Се пишува дека манекенката уште не ги поднела документите за развод на бракот, но дека веќе е видена без венчалниот прстен.
За потсетување, тие двајца се во брак од 2018 година, а круна на нивната љубов е нивниот син Силвестер Аполо.
Манекенката се најде во центарот на вниманието, кога обожавателите ја обвинија деак воопшто не била бремена, бидејќи 12 месеци по породувањето објавила фотографија со потполно рамен стомак. Меѓутоа, како што се наведува, таа сепак успеала да ја доведе својата фигура до совршенство и тоа во рекорден рок.
„Силвестер Аполо Бер дојде на нашата планета. Тоа се случи на 8 март 2021 година во најнадреалното и најубавото утро во мојот живот“ - напиша Емили тогаш.
фото: Принтскрин / Инстаграм