„Го мразам уште од детството“: Сакајќи да биде уникатна, родителите ѝ дале необично име-сега поради тоа има голем проблем
Пред да му дадат име на детето, родителите треба добро да размислат како тоа ќе влијае на нив.
При изборот на име за дете, треба да размислите не само да биде необично, туку и дали тоа ќе му се допадне на детето и дали ќе му прави проблеми во иднина. Една жена на социјалната мрежа „Редит“ напишала дека ѝ замерува на мајка си поради името што ѝ го дала, бидејќи го мрази уште од детството.
Крстена по автомобил
Нејзината мајка ѝ го дала името по марката на автомобилот, но името ни приближно не се пишува правилно , така што девојката секогаш мора да ги коригира луѓето кога станува збор за правилно изговарање на нејзиното име.„Го мразам моето име уште од својата шеста година. Од тој момент кога седев во училиште и го слушав наставникот кој застана неколку секунди додека не прозиваше, знаев дека тоа сум јас“, напишала девојката, додавајќи дека нејзиното име е Циа. Но, нејзиното име треба да се изговара Киа, како производител на автомобили, па често мора да ги коригира луѓето кои ја нарекуваат Сиа, Циа и слично.
Многу деца ќе си ги променат имињата
„Исто толку забавно е да им кажувам на луѓето како да го изговараат моето име, како и да ги прашам како да е правилно да го напишат. Порано уживав да ги гледам како мозгаат и се збунуваат, но сега почнав да користам друго име“, објасни таа.
Многу корисници на оваа социјална мрежа кои ја прочитале нејзината исповед и предложиле законски да го смени името. Други ги оплакуваа родителите кои не размислуваат за товарот што го ставаат на своите деца при изборот на име.
„Толку многу деца растат со необични имиња, веројатно многумина ќе ги променат веднаш штом ќе станат полнолетни, а нивните родители мислеле дека се кул кога им ги дале“, заклучил еден маж.