Го напушти светот во кој не беше сакан, после првата хемотерапија: Тажна судбина на занемарено дете

Воспитувањето не е само она што му е кажано на детето, туку е и она што го гледа од родителите, како се однесуваат и како се чувствуваат. Ако воспитувањето е избалансирано, т.е. ако детето е сакано, ако му се признае основното човеково право да постои и да биде сакано и важно за родителите, и има избалансирана количина на безусловна љубов - тоа ќе израсне во здрав возрасен човек, кој ќе биде способен самостојно да се справи во светот.

Занемарените деца имаат проблеми подоцна во животот, затоа што не можат да се социјализираат и не научиле како да се вклопат во општеството. Тогаш тие се вклопуваат но начинот на кој мислат дека треба, и може да има различни отстапувања, почнувајќи од тоа детето да е повлечено, неуспешно, се' до тоа да се однесува „диво“.

Една жена го сподели своето искуство на Твитер. Имено, едно момче се здружило со нејзините ќерки во градинка.

Бидејќи нејзините ќерки го засакале, таа ја прашала неговата мајка, која не се грижела многу за него, дали може да го носи дома кај нив. Таа го дозволила тоа, но честопати го заборавала, а потоа доаѓајќи со, како што наведува, „тешкиот мирис на алкохол“.

Таа понатаму пишува дека секоја средба била сè потешка, а детето станувало поплачливо и понервозно. Потоа, кога имал 11 години, тој рекол дека очувот го злоставувал. Иако очувот починал само неколку дена подоцна, најтешкиот дел доаѓал..

Неговата мајка продолжила да пие, а сопругот на сестра му го злоупотребувал. Детето сакало да стане доктор, но под притисок на мајка му се запишал во техничко средно училиште.

Кога момчето било во прва година од средно училиште, дознале дека тој е во болница и дека има леукемија. Само неколку дена по првата хемотерапија, момчето претрпело мозочен удар, а починало два дена подоцна.

Неговиот татко не присуствувал на погребот, и по неговата смрт, неговата мајка продолжила да пие.

Оваа жена вели дека кај нив останале негови цртежи кои тие ќе ги врамат дома и ќе му го посветат тоа место од ѕидот на детето.

Луѓето од социјалните мрежи се согласуваат дека вака застрашувачка приказна немаат слушнато.

Прашањето е кој може да се смета за одговорен за трагичниот крај на момчето, како и што треба да се стори за да не се случуваат вакви ситуации.

извор:espreso.rs