Го отпеа најголемиот хит на Марина Туцаковиќ, а еве како изгледа денес, на 60-годишна возраст!

Дали се сеќавате на Зана Нимани?

Во раните 80 -ти години, Зана Нимани (60) беше најголемата поп -sвезда на поранешна Југославија. Веројатно нема човек што пораснал тогаш, а да не го знае хитот „Dodirni mi kolena“. Песната ја напиша Марина Туцаковиќ, за која беше првиот голем хит, по што стана една од омилените автори на југословенската музичка сцена.

После тоа, Марина напиша бројни хитови за најголемите sвезди на поранешна Југославија. Таа почина на 68-годишна возраст по долга битка со ракот.

Зана и се претстави на јавноста во 1980 година кога започна да пее во група која го носи нејзиното име „Зана“.


Пет години по Зана, таа ја напушти групата и започна соло кариера, од која треба да се издвои дуетот „Jabuke i vino“ со Жељко Бебек.

Откако го издаде албумот „Noćas pjevam samo tebi“ во 1986 година, Зана Нимани престана да прави музика. Се омажи за Ѓеорге Шишкин, а во 1991 година ја роди ќерка ѝ, Теа. Неколку месеци подоцна, таа го напушти Белград, и се пресели во Канада. Дипломата од Правниот факултет и овозможи да работи во професија што се занимава со менаџмент, додека нејзиниот сопруг Ѓеорге работи на железница.


Фото: Фејсбук/Printscreen