Го победи ракот и се врати посилна од кога било: Кајли Миног откри низ што поминала во најтешките моменти од животот - „Интуицијата не ме предаде“

Добивај вести на Viber

Октомври е месец за подигање на свеста за ракот на дојката. Многу познати жени се соочиле и со оваа злобна болест. Некои успеаја да ја добијат битката, други, за жал, немаа толку среќа. Меѓу победниците е и една од најголемите музички ѕвезди на сите времиња.

Нејзината животна приказна е проткаена со огромни успеси и болни епизоди, а најтежок беше периодот кога таа се бореше со упорниот и лукав непријател. Кајли Миног откри како успеала да излезе како победник од таа борба.

Популарната австралиска пејачка поради висината ја нарекуваат „Џебна Венера“, но и покрај нискиот раст, храбро се соочи со ракот.

Кариерата ја започна кон крајот на осумдесеттите, а стана ѕвезда во раните деведесетти. Таа беше на врвот на својата слава кога ја дозна застрашувачката дијагноза. Таа тогаш имаше 36 години.

Рутинскиот преглед не откри ништо сомнително, сепак, Кајли почувствувала дека нешто не е во ред и решила да го повтори скенирањето.

Таа го следеше својот инстинкт и сакаше да слушне друго мислење. Благодарение на едно внатрешно чувство што ѝ кажа дека нешто не е во ред, две децении подоцна таа сè уште е тука, со нас.


Некои други познати жени, како Шенон Доерти, Оливија Њутн-Џон или Татјана Патиц, немаа толку среќа, иако никогаш не се откажаа во борбата.

- Имав дијагноза, а светот не знаеше за тоа. Бев со брат ми и момчето кога ми кажаа за што се работи. Сите бевме изненадени. Отидовме во кафуле, пријде келнерот и не праша како сме, а ние како роботи одговоривме: „Добро, благодарам“ – се присетува пејачката.

- Мислев дека немаме поим низ што поминуваат другите луѓе. По ракот или некоја сериозна болест или проблем што го менува животот, мора да научиме да се прилагодуваме.

Третманот траеше осум месеци. За тоа време, Кајли помина низ неколку третмани со хемотерапија и зрачење. Ракот е откриен во почетната фаза, што веќе на почетокот беше олеснителна околност.

- Додека се борев со ракот, открив дека сум неверојатно силна, а за излекувањето можам да им се заблагодарам и на луѓето кои цело време беа покрај мене. Донесов многу лоши одлуки во животот, но некако излегов од сето тоа.

Некои последици, сепак, останаа. Кајли Миног откри како го победила ракот на дојката и призна дека гадната болест нарушила некои важни животни планови.

Имено, пејачката многу сакала деца, но, како што рекла, сепак тоа не било можно.

Фото: Принтскрин/Јутјуб
Извор: Gloria.rs