Го покажа трудничкото стомаче: Водителката Маријана Мичиќ сподели слатки маки што ѝ ги донесе блажената состојба

Добивај вести на Viber

Иако со месеци успешно криеше од јавноста дека е во блажена состојба, Маријана Мичиќ со своите следбеници на Инстаграм сподели како изгледа во седмиот месец од бременоста.

Популарната српска актерка и водителка Маријана Мичиќ е бремена и чека бебе со својот партнер Милош. Моментално е во седмиот месец од бременоста, а познато е дека чека девојче.

Маријана неодамна ја сподели првата фотографија откако се дозна дека е бремена, која успешно ја криеше со месеци, а сега објави фотографија на која се гледа труднички стомак!

View this post on Instagram

A post shared by Marijana Mićić (@micicmarijana)


Таа раскажа и за слатките маки што ги има во напредната бременост:

- По вчерашната приказна за „неволјите“ за поставување куп перници, добив толку многу пораки за поддршка што треба да го споделам овој момент. Секоја порака значи, секој збор значи. Не е лесно, но е неописливо убаво. Знаат само жените - напишала Маријана.

Маријана и Милош се пресреќни што ќе се реализираат како родители, а тие двајца неодамна прославија 8 години врска, па се чини дека бебето пристигнува во вистинско време.


Фото: Инстаграм/Маријана Мичиќ