Го понижила вереникот поради цената на прстенот, но не се надевала на ваква реакција

Откако јавно го посрамоти својот вереник, таа не очекуваше ваква реакција од луѓето од кои побарала совет.

Една жена открила колку нејзиниот дечко платил за прстенот, па решила да го сподели своето „страшно искуство“ на интернет.

„Ме запроси и ми го покажа прстенот што го избра – дијамантски пасијанс во бело злато. Бев пресреќна и кажав ДА, но се разочарав и кога го видов прстенот. Првиот збор што ми падна на памет тогаш беше премалку. Самиот тип на прстен не е лош и би бил добар избор, но изгледа тенко, а дијамантот е премал.

Мојот вереник има многу добра плата и обично е навистина дарежлив, но неодамна видов колку платил за прстенот - 1674 долари. Тоа е многу помалку отколку што очекував.

Прстенот е совршен во неговите очи, добро ми стои, но тој веројатно би бил разочаран кога би знаел дека не сум навистина среќна. Очигледно некој на работа му рекол „Ако прстенот и е најважен во целата оваа приказна, тогаш таа не е жената за тебе“.

Би сакала да го одбереме прстенот заедно и на тој начин да најдам нешто што и мене ми се допаѓа. Сепак, тоа е нешто што ќе го носам долго време и би требало да ми се допаѓа, а не ми се допаѓа. Дали некој од вас се нашол во слична ситуација? Што направи?“

Луѓето не можеа да поверуваат дека жената е разочарана од прстенот од 1674 долари. А ова се пренесе дел од коментарите:

„Прстенот ми е од интернет и не чинеше 25 долари. Не ми е грижа. Нашата љубов е поважна од цената на прстенот“.

„Ако има многу добра плата, можеби малиот прстен му бил тест да ги провери вашите вистински намери и да се увери дека не е сопруга на спонзор. Изгледа не го положивте испитот“.

„Бидете среќни што воопшто го добивте прстенот. Вие заслужувате да бидете сами затоа што сте обичен материјалист“.

„Човече, некои жени се проклето алчни. Мојот прстен чинеше 125 долари. Вереникот ги гледаше поскапите, но јас реков - НЕМА ШАНСА! Наместо да заштедиме пари за поважните работи што ни се потребни“.