Го пробав мега популарниот фустан на Ким Кардашијан: Ми доаѓаше да заплачам на цел глас (ВИДЕО)
Дали ви се случило да го купите омилениот фустан, а потоа да не испадне баш како што сте очекувале? Ова е токму една таква приказна!
„Пристигна новиот фустан од Ким! Каква возбуда!“ - Станува збор за фустан од колекцијата на Ким Кардашијан „SKIMS“, чија цена е 76 фунти или 90 евра и секако девојките и жените ширум светот побрзаа да го нарачат бидејќи според Ким, фустанот е направен од материјал кој е како мидер и треба да го обликува вашето тело.
Алексија Барга, која го нарачала овој хит фустан кој е припиен до телото, мислела дека го купила фустанот од соништата, како што и самата Ким го претставува. Но, нејзините очекувања набрзо беа уништени.
„Го добив фустанот SKIMS за кој сите зборуваа“, рече Алексија на TikTok, каде го покажа „фустанот на разочарувањето, наместо од соништата“.
„Требаше да изгледам секси. Бев толку возбудена што го добив и ми доаѓаше да плачам кога го пробав фустанот. skims ве молам направете нешто што ќе ги прави моите колкови да изгледаат потесни“, рече таа.
извор:zena.blic