Го штитат физичкото и ментално здравје во менопауза: Три лековити пијалаци

Добивај вести на Viber

фото:SHUTTERSTOCK

Постојат различни природни начини кои помагаат во одржувањето на физичкото и менталното здравје за време на менопаузата.

За време на менопаузата, хормоналната рамнотежа се менува, менструалниот циклус е отсутен, но овој период носи и многу потешкотии и непријатни симптоми, пишува Ловесенса.

Најчести симптоми на менопауза се бранови на топлина низ телото и ненадејни промени во расположението, но се појавуваат и вагинална сувост, губење на косата и зголемување на телесната тежина. Жените во менопауза имаат поголем ризик од развој на остеопороза.

Сепак, наместо хормонски терапии, постојат различни природни начини кои помагаат во одржувањето на физичкото и менталното здравје за време на менопаузата. Експертите препорачуваат да започнете да ги пиете овие три лековити пијалаци во периодот пред менопаузата.

Чај од коноплика

Се препорачува за време на менопауза и е многу ефикасна билка во регулирање на топлотни бранови и намалување на болката во градите. Ова растение содржи прогестерон, затоа е одличен во воспоставувањето на хормонална рамнотежа помеѓу прогестеронот и естрогенот.

Црвена детелина

Овој чај помага при топли бранови и го регулира ноќното потење кај жените во менопауза. Црвената детелина содржи фитоестроген кој помага да се врати хормоналната рамнотежа во организмот.

Зелен чај

Во текот на 2009 година, докажано е дека зелениот чај ја зајакнува коскената структура и го намалува ризикот од фрактури, особено кај жени кои влегле во менопауза. Зелениот чај содржи антиоксиданти, кофеин и EGCG (епигалокатехин галат). EGCG го забрзува метаболизмот, го спречува таложењето на масните наслаги и помага во губење на тежината.

извор: LOVESENSA/glossy.espreso