Го слават православниот Велигден: Неверојатните приказни на холивудските ѕвезди кои станаа православни верници

Додека едни се родени во православни семејства, други станале православни верници поради партнерот или поради тоа што го следеле своето срце...

1. Том Хенкс

Познатиот актер, чиј татко е далечен потомок на Абрахам Линколн, љубовта го натерала да премине во православната вера. Имено, кога по вторпат се ожени со колешката Рита Вилсон, актерот одлучи да се приклучи кон православието. Таткото на Рита е од Бугарија, додека нејзината мајка е од Гркинка, по потекло од Албанија. 

„Мислам дека православието е моето духовно наследство. Се оженив во истата црква каде што е крстена мојата сопруга и во која се крстени нашите деца“ - кажа Том во една прилика.

View this post on Instagram

A post shared by Jorge Croce | Bombaiii Films (@bombaiiifilms)

2. Џејмс Белуши 

56-годишниот Џејмс Адам Белуши е роден во Чикаго, а неговите родители емигрирале од албанско село недалеку од границата со Грција. Џејмс е член на Албанската православна црква и е горд на своите корени. Инаку, актерот со семејството во текот 80-тите години често ја посетувал Српската православна црква во Лос Анџелес, пред да ја поддржи независноста на Косово кон крајот на 90-тите.

View this post on Instagram

A post shared by Mira Tuci (@miragabrielle)

3. Џенифер Анистон

Православието, оваа актерка го наследила од нејзиниот татко Џон Анистон, кој исто така е актер. Роден е како Јанис Анастасакис на грчкиот остров Крит. Џенифер даваше добротворни донации за црквата под покровителство на Вселенската патријаршија.

4. Дејвид Гахан 

Пејачот на групата „Depeche Mode“, Дејвид Гахан се приклучи кон православието поради својата сопруга Џенифер Скилаз.

5. Боб Марли

Една година пред смртта, Боб Марли беше крстен на 4 мај 1980 година во Етиопската ориентална православна црква како Берхане Селасие.

6. Кристијан Бејл

Според некои извори, актерот станал православен христијанин пред повеќе од 10 години, откако се ожени со Србинката Сандра Блажиќ.

View this post on Instagram

A post shared by Ирина Романова (@ferryman0)

7. Наоми Кембел 

Поради љубовта и Наоми стана православна. Познатата манекенка веќе неколку години се забавува со Владислав Доронин, руски тајкун кој своето богатство го има заработено со недвижнини. Иако Дороњин е уште официјално во брак со Екатерина, со која има две деца, Наоми поради него стана верник во Руската православна црква.

8. Ким Кардашијан

Уште една позната ѕвезда која се крсти со три прста. Оваа секси Американка со ерменско потекло ја зацврсти својата светска популарност во различни ТВ емисии, но и кога се соблече за Плејбој. Таа денес е една од најсексапилните жени во светот, а доби својата восочна фигура во лондонскиот музеј „Мадам Тисо“.


фото: Принтскрин / Инстаграм