Го воодушеви жирито: Таа е првата трансродова жена која се појави на сцената на „Ѕвездите на Гранд“ (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Вчера во „Ѕвездите на Гранд“ се појави трансродова пејачка која на жирито му се претстави како Алина и привлече големо внимание. Таа е првата трансродова жена која одлучи да се претстави на оваа натпреварување.

Нејзиното родено име е Алино Јухарт, има 29 години, а доаѓа од Марибор за да си ја проба среќата на натпреварот.

Алина се претстави со песните „Паметна и луда“ на Марија Шерифовиќ и „Лажу те“ на бендот Амадеус. Таа зачекори на сцената во црн тесен фустан до колена, со права, долга коса, на потпетици и ја доби поддршката од жирито, кое на почетокот беше збунето од фактот што на хартијата беше напишано машко име, а на сцената се појави жена.

Тие ѝ доделија вкупно шест гласа, а отсуствуваше само гласот на Драган Стојковиќ Босанц. Сања Кужет изјави дека Алино пеел, па натпреварувачката веднаш ја поправи: „Таа пееше (во женски род)“.

„Голема чест ми е што сум овде. Јас сум од Словенија, од февруари живеам во Белград. Дојдов овде затоа што мислам дека Србија и целиот регион мора да запознаат жена како мене. Нормален човек кој сака да сака, да биде сакан и да биде среќен како сите. Сакам да го инспирирам секој човек да го живее својот живот и својата животна вистина. И сите ве обожавам, не ми се верува дека сум тука “, рече таа, што беше проследено со аплауз.

„Луѓето ме викаат „Кралица“, но кога ме викаат со моето име, тогаш тоа е Алина“, објасни таа откако Саша Поповиќ ја праша како сака да се претстави во иднина.

Алина сакаше Марија Шерифовиќ да ѝ биде ментор, но пејачката ја одби со образложение:

„Алина, мојот глас за тебе вечерва има многу поголема тежина од гласот колку убаво си пеела. Ова е глас за храбра и решителна девојка, за слободна личност која има право да сака како што сака, бидејќи никој не може да го има тоа право да го ускрати, но јас не сум добар ментор за тебе, затоа што не можам да се справам со тие ситни чувства, тоа го правам нервозно, гласно, грубо и не можам да се справам со никого кој нежно ќе реагира на тоа. Јас сум сè што не си. Добредојде, Алина Кралица“, ѝ рече Марија, а Алина потоа ја избра Цеца за свој ментор.

„Бидејќи Марија не знае да ги негува тие чувства во менторството, јас знам и во менторството и во приватниот живот. Ќе те земам“, рече Цеца Ражнатовиќ.

Видеото од настапот на Алина можете да го погледнете на 1:13:42


извор:МОНДО