ГОДИНА НА ЈУБИЛЕИ ВО ЛАКТАЛИС МК

Оваа година се одбележуваат 25 години од постоењето на домашната Лакталис МК Млекарница и 15 години од влегувањето на Лакталис групацијата на нашиот пазар. 

Тоа беше повод, Лакталис МК да ги одбележи овие два јубилеи во Битола со своите вработени и да се присети како низ годините се создаваа млечните  производи со голема посветеност и со познат квалитет.

Да се слави четврт век на една компанија, лоцирана на овие простори е значаен и голем јубилеј, зошто сите знаеме со какви предизвици низ годините минуваат многу компании.

Со влезот на Лакталис Групацијата на домашниот пазар, зборуваме за повеќе од развој.

Лакталис е компанија која повеќе од 80 години ја води млечна страст, низ континуиран раст на глобално и локално ниво.

Компанија, која прерасна во светски најголема млечна индустрија која произведува производи од најдоброто млеко.

Присутна е во над 50 земји низ светот, со 250 производни единици, светска компанија која придонесува за развој на локалните економии. 

Во таа приказна е и Лакталис МК.

Така во големото светско семејство на сирења од пред неколку години своето место го доби и автетичното традиционално зрело бело сирење под името Президент Салакис Традиционално сирење, направено во нашата држава и добро познатиот кашкавал.

На овој начин Групацијата Лакталис ја искажува почитта кон локалните култури, начин на исхрана и националната кујна. 

„Четврт век од првите откупени литри млеко, првата произведена канта сирење, првиот килограм продаден кашкавал.

Голем дел од вас се тука од самите почетоци, па добро се сеќаваат како млекарницата растеше и се развиваше.

Знаеме дека ги произведуваме најквалитетните, најбезбедните и највкусните производи на домашниот пазар, дека го имаме најдобриот тим одговорен за чување, складирање и дистрибуција на истите, дека вредните луѓе од продажба влегуваат во секој маркет, голем или мал, во секој магацин, во секоја маалска продавница и ги прават достапни за сите луѓе, во секој дел од нашата земја.

Во изминатите години, нашите производи станаа дел од големите семејства на Президент и Алпско .

Воедно станаа достапни за потрошувачите во многу земји од светот.

Сирење произведено од нашите колеги од производство може да ги купите во Америка, Австралија, Бугарија, а од скоро и во Германија.

Нè има и на пазарите во регионот Босна и Херцеговина, Косово и Албанија.

А, плановите за ново ширење е веќе реалност“ - истакна генералниот директор Ванчо Постоловски пред присутните на прославата во Битола, градот каде што започна се.


ПР објава