Годишнина од атентатот: Вака зборуваше Киро Глигоров
Пред 23 години на денешен ден беше извршен атентат врз Киро Глигоров, првиот претседател на Република Македонија кој го преживеа со тешки повреди во главата. Истражната постапка се уште е отворена, а сторителите никогаш не се дознаа. Во продолжение ве потсетуваме како тој размислуваше за општествените случувања кои и денеска се актуелни.
За односите со соседите и историјата
Ние со сите наши соседи сакаме да имаме добри, пријателски односи, да имаме што поотворени граници, и да се свртиме кон оние проблеми кои не обединуваат, кои бараат заемна соработка – економска, политичка, и друга... И да ја оставиме историјата на страна. На Балканот, за жал, многу се живее од историјата...
За достоинството
Најголемо достоинство на нашиот народ е што го сочува мирот, што не влезе во никаква војна, што не носи никаква вина за се она што се случи и што го згрозува целиот свет...
За правото на народот да се изјасни дали е за промени
Никој не може да му го оспори правото на народот да се изјасни дали е за промени. Од тоа демократско начело не треба никој да стравува. Не гледам кого би го загрозил референдумот. Можеби не за сите амандмани, но можеби за еден добар дел народот ќе каже дека ги прифаќа. Во тоа, инаку, не верувам