Големата ѕвезда и модна диктаторка повторно на сцена: Мадона со нов сингл и албум во најава

После големата пауза, Мадона повторно се враќа на сцената, овојпат со новата песна “Medellin” во соработка со Малума, а на 14ти јуни ќе излезе и нејзиниот 14ти албум “Madame X”.

Материјална девојка, кралица на поп музиката и мајка на реинвенцијата, Мадона е едноставно незаприлива икона која ги има едни од највпечатливите модни моменти на светската сцена. Од легендарната венчаница со бела чипка и појасот со наптис “BOY TOY” со која го дефинираше својот изглед при објавата на “Like a Virgin”, до опуштена американка кога излезе албумот “Ray of Light” и дефинитвно бесна диско ѕвезда како мотив за албумот “Confession on a Dance Floor”, изгледот на оваа пејачка е интегрален дел од нејзината креативна визија, секогаш да изгледа различно и ново. Со секој нов запис, доаѓа нова уметничка инкарнација и нова Мадона.

Оваа музичка и модна провокаторка пристигна во Њујорк кон крајот на 70тите години, како танчарка која сакала да се прослави, после нејзиниот неуспешен обид за студирање, но до 1983 година таа веќе го издаде својот деби албум “Madonna” и го запозна светот со нејзиниот уникатен изглед – чипка и слоевити ѓердани со привезок крст, па оттогаш продолжи и да ја диктира модата на ерата. Незаборавните комбинации облека, ексклузивните музички записи и екстравагантните улоги на Мадона, ја направија позната во секое ќоше на светот.

На сцената, Mадона почна да го развива својот стил рано и продолжи да го прави тоа, рекалибрирајќи го својот изглед од глава до пети според секоја нејзина музичка насока на делување.