Господе нека издржи елкава бар до Нова Година: Празнична магија во домот на Димитар и Сара Мејс

Нека започне магијата - Илина главна во китење на елката.

Познатиот пар Димитар Атанасовски и Сара Мејс заедно со ќеркичката Илина вчера, празнично расположени, ја накитија елката во нивниот дом.

Димитар сподели дел од процесот на создавањето на празничната бајка.

-Нека започне магијата. Оваа година имаме плус уште еден лампион, на крај може да се види.
Господе нека издржи елкава бар до Нова Година, нека не падне претходно (нормално сакам да кажам, да не ја урне некој) - напиша Димитар шегувајќи се за мачето кое се крие помеѓу лампионите во елката.


Преслатката Илина посебно уживаше во украсувањето, а придонесе и со лична изработка на лампиони кои ја красат елката.