Господе зошто овој човек? Кајевски глумеше во спот на Елена Ристеска, пејачката во неверување се прости од него

Голема тага денеска ја потресе македонската јавност по веста дека македонскиот актер Славиша Кајевски трагично загинал на 39 години.

Неговите колеги од театарот, глумци, актери, пејачи - македонската јавност денес во тага и неверување се простуваат од него.

Една од нив е и Елена Ристеска, во чиј спот Кајевски глумеше: 

- Господе зошто овој човек?! Зошто уште еден предобар човек, млад живот и преталентиран актер?! Во шок и неверување сум!!! Во солзи.. не постојат зборови да ја опишат тагата… Славиша.. - напиша пејачката и го објави видеото за нејзиниот спот во кој актерот Кајевски глумеше заедно со Елена, заљубен пар.

Инаку се работи за песната „Опасно време“ од Ристеска.