Грешка која сите ја правиме: Ќе се шокирате кога ќе прочитате што испеното кафе пред појадокот му прави на нашиот организам
После појадок е во ред, пред појадок - не требало!
Кафето е најпопуларниот пијалок во светот, а многумина велат дека не би можеле да излезат од дома наутро пред да го испијат. Но, начинот или времето кога го пиете првото утринско кафе може значително да влијае на вашето здравје...
Пиењето утринско кафе веднаш по будењето значително влијае на метаболизмот и контролата на нивото на шеќер во крвта, покажа новото истражување.
Тоа не значи дека е лошо да се пие кафе наутро, туку дека не е паметно да се пие пред појадок, на празен стомак, велат научниците од Велика Британија.
Згора на тоа, експертите велат дека „одложувањето“ на првата шолја кафе за после појадокот значително ја подобрува способноста на телото да ја вари храната.
Истражувајќи ги ефектите на утринското кафе врз метаболизмот, научниците утврдиле дека кафето испиено пред појадокот, исто така, има негативен ефект врз контролирањето на нивото на шеќер во крвта.А бидејќи стабилното ниво на шеќер во крвта е важно за спречување на дијабетес и срцеви заболувања, се чини дека кафето на празен стомак може да доведе до здравствени компликации.
Она што експертите го истакнуваат како важно е дека впечатокот од кафето испиено пред појадокот е уште полош доколку не сте спиеле добро. И колку полошо спиеме, утринското кафе по правило е посилно и ефектот е полош.