Guess Jeans- колекција пролет/лето 2018-та

Тропски принтови во новата колекција на Guess!

Во сржта на оваа колекција преовладуваат тропските принтови кои потсетуваат на 90-тите години, и воедно ни го најавуваат летото кое само по себе носи забава и слобода.

Во ова колекција ќе наидете на разиграните принтови и бои кои доминираат на фините ткаенини и современите кроеви.

Новата колекција на Американскиот бренд GUESS, е поделена на неколку тематски целини.

  • American honey

Оваа линија е посветена на самите корени на овој Американски бренд, па низ препознатливите дезени и принтови, како што се цветовите и каро шарата, даваат совршена интерпретација на винтиџ стилот. Разиграниот дезен кој го сочинуваат раштркани мали усни, дезен кој потсетува на стилот од 90-тите, е идеален избор за ултра женствените дами кои копнеат по животот. Палетата на бои го евоцира Америкaнското знаме, па така главен акцент се ставени на црвената, белата и плавата комбинација, кои одлично се комбинираат со поп тоновите како што се жолтата и розевата.

  • Tropi-cali

Дивите цветови на палмите и шарени тропски птици, доминираат на печатите кои потсетуваат на егзотичните дестинации. Војничко зелена и маслинестата комбинација со трагови на розевата и светло зелената боја, не носат директно во мислите на некој далечен Карипски остров.

  • The Candy Vice

Како пофалба на посебниот стил на јужна Флорида, впечатливите принтови, коктел чаша и шарените палми, со тропски детали и колоритни украси ни даваат вистински позитивни вибрации. Природни ткаенини како што се свилата и вискозата, во топли и разиграни тонови на розе, со мали акценти на зелената боја, ја чинат оваа линија идеална за летните патувања.

  • ·American Denim

Чувството на правиот Американски тексас се претопи во секојдневниот стил на носење во новата колекција на Guess.Култни тексас облици како што се фармерките со прави ногавици, тексас јакна, или шорцеви од исечени фармерки. Најзастапен е сепак искинатиот и побелениот тексас. Во поглед на технолошките иновации, со гордост Ви го претставуваме новиот ултра растегливиот тексас со особена лесна тежина. Никогаш не сте носеле толку лесен тексас за време на топлите летни денови.


За Женски Магазин 

Нина Беадер - моден колумнист и lifestyle блогер