Хали Бери се чувствува совршено во своја кожа и покажа како навистина изгледа: „Мојот маж го сака ова“
Следбениците на познатата актерка ѝ ги дадоа некои од најубавите коментари досега
Хали Бери важи за една од најубавите жени на светот, но секогаш сме навикнати да ја гледаме целосно дотерана, па малкумина знаат како навистина изгледа меѓу нејзините четири ѕида. Сега реши да ја покаже косата во нејзината „афро“ природна верзија и цел интернет ѝ се восхитува.
Имено, 56-годишната актерка оваа недела на Инстаграм сподели фотографија од нејзината коса со природни локни и интересен натпис: „Неделно сервирање... Мојот маж го сака ова“.
Поранешната Бонд девојка носеше лежерни црвени карирани пижами со копчиња и седеше на верандата без шминка за да ги фати сончевите зраци. Бери, исто така, ги повика своите следбеници да ги „препратат сите поплаки“ до нејзиниот дечко музичар, добитник на Греми, Ван Хант.
Многу нејзини следбеници во коментарите ја пофалија нејзината природна коса.
Хали е ѕвезда која е позната по својата коса, која одвреме навреме ја менуваше во текот на кариерата: во еден момент имаше кратка коса, потоа ја избричи главата, потоа воодушеви со виолетова коса и наликуваше на нејзиниот лик од „Икс-мен“ , Сторм, со сребрена фризура.
Пред да го запознае Хант, кого таа го нарекува „љубовта на нејзиниот живот“, Хејл беше во брак со бејзбол играчот Дејвид Џастисон од 1993 до 1997 година. Таа потоа се омажи за пејачот Ерик Бенет од 2001 до 2005 година, беше во долга врска со Габриел Обри од 2005 до 2010 година, а беше во брак со Оливие Мартинез од 2013 до 2016 година.
Извор: stil.kurir.rs