Хана Хуљиќ и Петар Грашо за прв пат зборуваат за бебето: Сè уште не купиле сè што е потребно

Хана Хуљиќ и Петар Грашо наскоро првпат ќе ја играат улогата на родители, а сега открија дека не ги завршиле сите подготовки за доаѓањето на бебето.

На отворањето на поликлиника во Сплит сите погледи беа вперени во нив, а посебно внимание привлече трудничкиот стомак на идната млада мајка. Потоа за тамошните медиуми изјавија што чекаат за да почнат да ги набавуваат работите потребни за бебето.

- Се чувствувам како и секоја друга трудница на светот, се‘ е во ред - го започнала разговорот Хана, и истакна колку се грижи за своето здравје.

- Тато е голем хипохондрик. Тој се грижи за себе и за сите нас. Тој е голем хипохондрик, па се грижам колку што треба, сега малку повеќе затоа што морам - истакна таа, по што Грашо набрзо продолжи, но повторно не сакајќи да навлегува во многу детали за породувањето.

- Не би сакал многу да зборувам за детето, освен што секако сум среќен и дека дефинитивно е момент кој ќе ми го одбележи животот - нагласи пејачот.

До породувањето остануваат уште околу месец и половина, пренесуваат медиумите, но што се однесува до нив нема место за „трчање“.

- Се‘ уште не сме купиле се‘ што ни треба за бебето, имаме уште време. Имаме работи од неговата сестра, не мора ни да претеруваме – кратко изјавила Хана.


Фото: Инстаграм