Хари и Меган се разведуваат? Батлерот на принцезата Дијана тврди дека Хари е несреќен со Меган и дека крајот е неминовен

Добивај вести на Viber

Пол Бурел, батлерот на принцезата Дијана, е убеден дека крајот на нивната љубов е близу

Иако се чини дека принцот Хари конечно ја најде среќата со Меган Маркл со која основа семејство, луѓето кои го познаваат не мислат така. Меѓу нив е и батлерот на принцезата Дијана, Пол Бурел, кој тврди дека принцот останува во брак само заради децата.

„Дали јас сум единствениот човек во Велика Британија кој гледа дека Хари конечно ја разбрал вистината? Дека е маѓепсан од нејзината убавина или нешто слично? Затоа што сите го знаеме тоа, но тој не го гледа тоа“, изјави Бурел за "GB News" и истакна дека Хари на секој можен начин се обидува да избегне развод бидејќи и самиот пораснал во скршено семејство. 

„Лично го познавам Хари и мислам дека тој отсекогаш сакал да биде татко, да има деца, мислам дека во моментов е рано неговото семејство да се раздели. Мислам дека сака да остане наоколу за да ги види неговите деца како растат, бидејќи ако тој сега го напушти бракот, ќе ги изгуби децата бидејќи знае дека таа ќе ги чува во Америка и нема да ги види. Поради сето тоа, мислам дека Хари ќе се труди да се држи до програмата се‘ додека може. Неизбежно е овој брак да се распадне затоа што знаеме дека со големите критики, светската слава и присуството во печатот доаѓа и голем притисок и оваа двојка ќе има голем притисок врз грбот“, изјави Барел, кој се сомнева дека Хари ќе остане со Меган.

„Јас лично не сакам повторно да го видам Хари несреќен, веќе видов премногу солзи, сакам тој да биде многу среќен, сакам да го видам него и неговото семејство како напредуваат, но знаете, постои сомнеж во задниот дел на мојот ум“, рече тој.

Неодамна во британските медиуми одекна веста дека Хари понекогаш мора да се повлече и да се држи подалеку од Меган, бидејќи треба да биде сам. Наводно знае да „побегне“ во блискиот луксузен клуб „Сен Винсент“ чии бунгалови се наменети за гости со посебни барања.


фото: Youtube - screenshoot

Извор: женаблиц