Хелена Роза се поднови со Тесла автомобил кој вреди илијадници долари: Сакам работи кои се брзи и секси (ФОТО)

ТВ водителката и сестра на пејачката Ребека, Хелена Роза веќе неколку години живее во Нов Зеланд. За животот таму, во неколку наврати Хелена истакнува дека е мирно и убаво место, и дека таму луѓето се позитивни и секогаш насмеани.

Во градот Окленд, Хелена Роза е со децата, 22 годишната Кјара - девојка која убавината ја наследила од својата мајка, малиот Тиан и сопругот Игор, кој е поранешен фудбалер. 

Денес Хелена се пофали дека се подновила со нов Тесла Модел 3 автомобил.

- Ја купив Тесла затоа што сакам работи кои се брзи, секси и висока технологија - напиша таа на Фејсбук споделувајќи неколку фотки од автомобилот, за кој сестра ѝ, Ребека искоментира дека е преубаво брендиран.


Конкретната цена на автомобилот не ја знаеме со оглед на тоа што не знаеме за кој точно Тесла Модел 3 се работи, но неговата цена се движи од 36.990 долари до 48.990 долари.

Во секој случај, Хелена го брендирала многу моќно.